Шолц: Предлогот на Путин не беше сериозен

Од:

Лидерите на Г7 не разговараа за предлозите на рускиот претседател Владимир Путин за мир во Украина на самитот во Италија, бидејќи сите знаат дека овие предлози се несериозни, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во Италија, непосредно пред да замине за Швајцарија, каде што денеска почнува конференцијата за Украина, тој изјави дека предлозите на Путин биле само за да го одвлечат вниманието од конференцијата, пренесува Ројтерс.

– Сите знаат дека овој предлог не беше сериозен, но имаше врска со мировната конференција во Швајцарија, изјави Шолц во интервју за телевизијата ЗДФ.

Вчера Путин изјави дека, за да започнат мировните преговори, Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони и да се откаже од намерата да се приклучи на НАТО.

Денеска во Швајцарија почнува дводневен мировен самит за Украина на кој ќе учествуваат 100 делегации од целиот свет, но не и од Русија.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он