Шолц од конгресот на ПЕС повика на проширување на Европската унија

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, пред европските социјалисти, собрани на конгресот на ПЕС во Берлин, повика на проширување на Европската унија, изјавувајќи дека на тој начин ЕУ ќе може да има поголемо влијание врз глобалните прашања.

Откако ја презеде функцијата канцелар Шолц за едно од основните прашања на својата надворешно-политичка агенда го постави прашањето за проширувањето на Европската унија со Западен Балкан и со други земји. Ова прашање стана ургентно поради руската инвазија на Украина, која стана кандидат за членство во ЕУ на почетокот на летово.

-Европската унија со 27, 30, 36 земји, тогаш со повеќе од 500 милиони слободни и еднакви граѓани, може да има уште поголема тежина во светот, рече Шолц на Конгресот на Партијата на европските социјалисти во Берлин.

Во моментов Унијата има 27 земји-членки.

-Јас сум посветен на проширувањето на ЕУ. Тоа дека Унијата ќе продолжи да се шири кон исток е ситуација во која сите ние добиваме, рече Шолц пред европските социјалисти во Берлин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он