Шолц: Ирпин е симбол на суровоста, војната мора да заврши

Од:

Украинскиот град Ирпин, како и претходно Буча, стана симбол на „суровоста на руската војна“ во Украина и нејзиното бесмислено насилство, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц за време на посетата на предградието на Киев и додаде дека војната мора да заврши.

– Ирпин, како и Буча, стана симбол на незамисливата суровост на руската војна, бесмисленото насилство. Бруталното уништување на овој град е предупредување: оваа војна мора да заврши, напиша тој на Твитер.

Шолц денеска е во посета на Украина заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он