Шолц го предупреди Западот: Кина и Русија се најголемата закана

Од:

Олаф Шолц го предупреди Западот да „избегне создавање нова Студена војна со делење на светот на блокови“. Во написот за магазинот Форин аферс, германскиот канцелар повика „да се вложат максимални напори за градење нови партнерства“.

Истакнувајќи ги Кина и Русија како две земји кои претставуваат закана за мултиполарниот свет, тој рече дека мора да има посилно европско и трансатлантско единство. „Западот мора да застане во одбрана на демократските вредности и да ги заштити отворените општества. Исто така, мора да го избегнеме искушението повторно да го поделиме светот на блокови“, напиша тој.

„Ова значи да се вложат максимални напори за градење нови партнерства, прагматично и без идеолошки пречки“, додаде тој. „Германците имаат намера да станат гарант на европската безбедност, каква што очекуваат нашите сојузници, и градител на мост во Европската унија и поборник за мултилатерални решенија за глобалните проблеми“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он