Шолц ги предупредува САД на зголемениот ризик од победата на Путин во Украина

Од:

Пред средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц денеска предупреди на опасноста од руска победа доколку сојузниците на Украина не ја зголемат воената поддршка и финансиската помош.

„Не правете грешка: руската победа во Украина не само што ќе го означи крајот на Украина како слободна, демократска и независна држава, туку и драматично ќе го промени ликот на Европа“, напиша Шолц во авторски текст во Wall Street Journal.

Според него, лидерството на претседателот Бајден било клучно за да се осигури дека агресијата на рускиот претседател Владимир Путин ќе биде дочекана со обединет и успешен одговор, пренесува Блумберг.

Би можело да ве интересира

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он