Шолц: Да не се изедначуваат Путин и Русите

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа предупреди дека Русија и рускиот народ не смеат да се поистоветуваат со претседателот Владимир Путин.

– Не беше рускиот народ тој кој ја донесе фаталната одлука да ја нападне Украина. Оваа војна е војна на Путин, рече Шолц на настанот организиран од Фондацијата Фридрих Еберт во чест на социјалдемократскиот политичар Егон Бар на 100-годишнината од неговото раѓање.

– Оваа разлика е важна. Важно е да не се загрози помирувањето меѓу Германците и Русите по Втората светска војна, нагласи Шолц. Исто така е важно за заедничкиот живот со Русите и Украинците во Германија.

– И важно е да им покажеме една работа на храбрите Руси кои излегуваат на улиците под голем личен ризик за да протестираат против агресивната војна на Путин: Вие не сте сами. Ние сме со вас, рече тој. Шолц додаде „дека таа поинаква Русија е темелот на германско-руските односи во иднина“.

Социјалдемократскиот политичар Егон Бар, кој почина во 2015 година, се смета за креатор на политиката на поранешниот канцелар Вили Брант – познат како Остполитик – што резултираше со договори со поранешна Источна Германија, Полска и Советскиот Сојуз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија