Гледале како им ги убиваат родителите, браќата, сестрите, но и како убиваат други деца. Многу од децата и самите биле мета на брутални напади. И додека во Сирија продолжуваат немирите и конфликтите, хуманитарните организации предупредуваат за страдањата на децата и ги пренесуваат нивните потресни исповеди. Биле сведоци, но и жртви на насилството во виорот на војната.
Од меѓународната организација Save The Children предупредуваат како децата од Сирија проаѓаат низ трауматични искуства, дека се злоставувани и дека се сведоци на најбрутални убиства и мачења. За тоа тврдат од организацијата имаат и докази од шокантни исповеди на дечињата.
„Дацата биле мета на брутални напади. Го гледале убивањето на своите татковци, силувањето на своите мајки, мачењето на постарите браќа и сестри. Биле сведоци, но и жртви на насилство„ – раскажал Одех Ал Хадини од организацијата за спас на децата.
„Децата ни раскажаа како им ги бомбардирале училиштата во кои учеле. Зборуваа за тенкови кои им ги рушеле домовите. За војската која на сред ноќ упаѓа во становите и им ги убива најмилите. Исто така имаме и исповеди на деца, кои раскажуваат како брутално ги мачеле„ – открива извршниот директор на организацијата Џастин Форстин.
Покрај стравот кој го преживуваат многу деца стануваат и избеглици. Бегајќи во виорот на војната, многу домови се иселуваат од своите домови во Сирија. Бројот на избеглици за кои Турција обезбеди прифатилишта до денеска порасна на бројка од 88 милиони – пренесува Ал Џезеира.
Според податоците пак на УНХЦР, вкупниот број на регистрирани избеглици во околните земји достигнува бројка поголема од 250 илјади. Според податоците на сириската организација за човекови орава најмалку 290 илјади луѓе се убиени, од март минатата година, кога започна побуната против претседателот Басахар Ал Асад.