Шојгу: Украинската армија не ги постигна своите цели за време на тримесечната контраофанзива

Од:

Украинската армија не ги постигна своите цели за време на тримесечната контраофанзива во ниту една област, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шојгу, на средбата со воениот врв, посочи дека руските вооружени сили продолжуваат активно да дејствуваат по целата линија на поделба, а во Киев и покрај огромните загуби, веќе се обидува да изврши, како што рече, т.н. контраофанзива веќе трет месец.

Шојгу изјави дека од почетокот на контраофанзивата, Украина загубила 66.000 војници и 7.600 парчиња воена опрема.

– Украинското раководство очајно се обидува да им покаже на западните полтрони барем одреден успех во офанзивните операции за дополнително да добие воена и економска помош, што само го продолжува конфликтот – посочи Шојгу.

Шојгу изјави дека вооружените сили на Русија продолжуваат да ја уништуваат украинската воена инфраструктура со прецизни удари и дека само во изминатиот месец биле погодени 34 командни центри на вооружените сили на Украина на оперативно-тактичко управување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија