Шојгу: Украина загуби 14.000 војници од почетокот на месецот

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина загубила речиси 14.000 војници од почетокот на месецот.

Тој на колегиумот на Министерството за одбрана изјави дека руската армија „продолжува да го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина во сите правци“.

Шојгу рече и дека испораките на дронови за вооружените сили на Русија се зголемени за 16 пати во однос на почетокот на претходната година.

„Во споредба со почетокот на претходната година, испораките на главните видови ракетно и артилериско оружје за вооружените сили на Русија се зголемија за 4,9 пати. Испораките на оклопни возила се зголемени за повеќе од три пати, а испораките на беспилотни летала се зголемени за 16 пати“, рече Шојгу.

Шојгу додаде дека испораките на муниција се зголемиле за 12 пати, додека испораките на високопрецизни ракети со долг дострел се зголемиле за пет пати.

Би можело да ве интересира

НАТО: Мораме да ја поддржуваме Украина

Украина потврди дека сопругата на Кирил Буданов била отруена

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Западот стравува од колапс на украинскиот фронт

Рјбаков: САД во Украина би можела да си помине исто како во Авганистан и Виетнам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големо невреме на Крим, половина милион жители се без струја, има и повредени

Генералштаб на Украина: Руските трупи напаѓаат во неколку правци