Шојгу: Русија распореди ракетни системи на Курилските острови

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска соопшти дека Русија во декември минатата година распоредила дивизија на крајбрежниот ракетен систем Бастион на островот Парамушир, еден од Курилските острови, во Тихиот Океан.

Овој потег ги зајакнува руските одбранбени сили на истокот на земјата, рече Шојгу, пренесува РИА Новости. Минатата година, Источниот воен округ на Русија доби околу 400 единици модерна и модернизирана опрема, додаде тој.

Воено-политичката ситуација на рускиот Далечен Исток и понатаму е тешка, се наведува во соопштението.

– САД го зголемуваат своето присуство во азиско-пацифичкиот регион и ги зајакнуваат врските со своите сојузници за да ги задржат Русија и Кина – заклучи Шојгу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски