Шојгу: Русија продолжува со нападот врз Украина

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека продолжува нападот врз Украина.

Групацијата на вооружените сили на Руската Федерација продолжува да спроведува специјална воена операција додека не се постигнат зацртаните цели, наведе Шојгу.

Тој додаде дека најважно беше да се заштити Русиуја „од воената закана на западните земји, кои се обидуваат да го искористат украинскиот народ во борбата (против Русија)“.

Тој ја обвини Украина дека поставила неколку ракетни системи, топови и минофрлачи „во дворовите на станбените згради, во близина на училишта и градинки“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина