Шојгу: Киев посегнува по терор, гледајќи дека иницијативата на терен ѝ припаѓа на Москва

Од:

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, денес оцени дека „киевскиот режим посегнува по употреба на терористички методи“ бидејќи гледа дека Руската Федерација ја има стратешката иницијатива на бојното поле.

Зборувајќи преку видео на првата сесија на Безбедносниот самит на БРИКС во бразилската престолнина, тој рече дека „сфаќајќи дека стратешката иницијатива на терен е во рацете на руските вооружени сили, криминалното украинско раководство посегнува по терористички методи“.

„Режимот во Киев користи оружје на НАТО за гранатирање на станбени области, извршување саботажи и политички атентати и користење на цивили како „човечки штитови““, рече Шојгу, според новинската агенција ТАСС.

Би можело да ве интересира

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

Орбан: Отворете ја „Дружба“ или Украина ќе остане без кредит

Соборени се 250 дронови што се движеа кон Москва

Ја претворивте целата ваша територија во легитимна цел, порака за Украина од Иран

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Зеленски најави соработка со европските партнери за деблокирање на помошта за Украина