Шојер: Да запре финансирањето џамии во Германија од странски држави

Од:

Андреас Шојер, високо позициониран претставник на една од германските владејачки партии повика на донесување закон што нема да дозволува џамиите во Германија да се финансираат од странство, пренесуваат американските медиуми.

Шојер, главен секретар на Христијансоцијалната унија, (ЦСУ) за весникот „Велт“ изјави дека треба да се запре финансирањето џамии или исламски детски градинки од земјите како  Саудиска Арабија и Турција. Тој изјави дека имамите треба да бидат обучувани во Германија и да ги споделуваат фундаменталните вредности.

– Германскиот јазик треба да биде јазикот во џамиите, изјави политичарот за германското издание.

Христијансоцијалната унија е баварскиот огранок на партијата на Ангела Меркел, Христијандемократската унија, (ЦДУ). Партијата го критикува германскиот канцелар дека не доволно прави за намалување на миграцискиот прилив во земјата.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија