Шојбле: Се помалку време за Грција

Од:

Грција има се помалу време, изјави денеска на прес-конференција во Берлин германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, говорејќи за новиот германски план за трошење на пари од државниот буџет, Шојбле рече дека времето тече за Грција, која не сака нов трета по ред програма за штедење и се обидува да издејствува нови услови за спроведување на мерките наметнати од „тројката“.

– Имаме чувство дека сите што се занимаваат со ова прашање го делат мислењето дека времето за Грција истекува. Тие очигледно имаат одредени проблеми, изјави Шојбле.

Шојбле пред една недела беше остро нападнат од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој го обвини дека намерно ги „загадува грчко- германските односи“.

Ваквата реакција на Каменос, уследи откако Шојбле го смени ставот за т.н. „грекзит’ и изјави дека излезот на Грција од еврозоната веќе не е невозможна опција.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија