Шојбле: Германија има потреба од имигрантите

Од:

Имигрантите се корисни за земјата и политичарите треба подобро да објаснат дека сите добиваат од нив, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле како одговор на се попопуларното ново движение што е непријателски расположено кон бранот имигранти муслимани, пренесоа британските медиуми.

Бројот на луѓето, кои побарале азил во Германија, од кои голем дел се од Сирија, годинава се зголемил за повеќе од два пати, на околу 200. 000 лица, а имиграцијата е на своето највисоко ниво во последните дваесет години. Многу Германци се загрижени од цената на оваа појава и стравуваат дека бегалците ќе им ја земат работата.

Изненадувачката популарност на движењето ПЕГИДА (Патриотски
Европејци против исламизирање на Западот), кое минатата недела во Дрезден организира антиимигрантски митинг со 17.500 учесници, ги принуди законодавците веднаш да реагираат.

-Светот е поотворен, а имиграцијата е од корист за сите. Исто како што милионите бегалци и казнети ни помогнаа да ја обновиме земјата по Втората светска војна, така и денеска ние имаме потреба од имигрантите, забележа Шојбле за електронското издание на весникот „Билд“, одговарајќи на прашање за популарноста на ПЕГИДА.

– Се разбира дека треба заедно да живееме со имигрантите. Тоа ќе го смени нашиот секојдневен живот, но нема да го влоши, туку побрзо е дека ќе го подобри, забележа министерот.

Шојбле додаде дека политичарите се должни подобро да ги објаснат промените во секојдневието и ја повтори изјавата на претседателот Јоахим Гаук, кој минатата недела кажа дека луѓето не треба да стравуваат.

-Луѓето со право се плашат од исламистичкиот тероризам, но не треба да се плашат од исламот рече министерот.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија