Шојбле: Еврозоната ќе елиминира ризик од финансиска зараза од Грција

Од:

Грција во наредните денови ќе биде во големи маки, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и додаде дека Еврозоната ќе стори се за да се елиминира каков било ризик од финансиска зараза и каква било загриженост на финансиските пазари.

– Грција е членка на еврозоната и ние сме се подготвени да направиме се што можеме да и помогне на земјата во оваа тешка фаза, истакна германскиот министер по вториот состанок на еврогупрата во Брисел кој се одржа без Грција.

Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси, пак, само кусо рече дека еврозоната ќе има 19 членки, колку што има и сега.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија