Шоџаи: Не чував сексуални робинки, жртва сум на завера

Од:

Британскиот мултимилионер од иранско потекло, Шоџа Шоџаи (56), кој наводно со пари и ветувања  намамувал млади и убави манекенки во неговата вила во Шпанија, за потоа против нивна волја да ги држи како сексуални робинки и перверзно ги злоставувал, се брани дека е жртва на завера.

Полицијата го испитува обвинението на девет жени кои тврдат дека Шоџаи ги намамил со луксуз и ветувања дека ќе им помогне во кариерата, фалејќи се со познанствата со Владимир Путин и Барак Обама, за потоа насилно да ги држи во својата луксузна вила.

Шоџаи, кој е пуштен да се брани за слобдоа, тврди  дека спиел само со три од деветте жени – со неговата сопруга и две љубовници. Рече дека сите можеле да излегуваат по желба, и тоа на шопинг, на патувања или на различни часови – јавање, танцување и карате, кои тој им ги плаќал.

Шоџа одрекува дека е татко на седумте деца, кои полицијата ги затекна во вилата заедно со жените. Татковство признава само за четири, додека за другите чека ДНК анализи.

Според неговата терорија, тој е жртва на завера на деветте жени, предводени од онаа која отиде во полиција и го обвини, 27-годишната креаторка и ќерка на еден татарски министер. Тој вели дека оваа жена се обидела личните и семејни финанскиски проблеми да ги реши така што организирала грабеж на неговиот имот – накит, персиски килим и други работи, вредни 2,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година