Шмит: Денес на сцена се животинскиот капитализам, исламизам, социјализам

Од:

Зборувајќи за актуелните проблеми во светскиот банкарски сектор, поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит, изјави дека денес на сцена е “животинскиот капитализам”.

– Покрај него, тука се и животинскиот исламизам, социјализам и феудализам. Неопходно е да се врати моралот во банките и контролата над финансискиот сектор – порача Шмит.

Тој исто така оцени дека сегашната канцеларка Ангела Меркел самата е виновна што Европскиот печат се почесто ја споредува со Адолф Хитлер.

– Проблемот е во тоа што таа е голем национал-егоист и прави напори за решавање на актуелната криза во Европа, враќајќи го на сцена централизмот, изјави 93-годишниот Смит, за телевизијата ЗДФ.

Според неговите зборови, двајца луѓе во историјата се обиделе да владеат со Европа од еден центар – прво се обидел Наполеон, а потоа Хитлер.

– Не смее да постои трет пат. Германија мора да се откаже од желбата да биде центарот на Европа – и порача Шмит на сегашната канцеларка.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина