Шмихал: Украина од монетарниот фонд итно доби 1,3 милијарди долари дополнително финансирање

Од:

Украина доби 1,3 милијарди долари дополнително итно финансирање од Меѓународниот монетарен фонд, информираше денеска премиерот Денис Шмихал на Телеграм.

Како што појасни премиерот, Киев ќе ги искористи парите за да ја зајакне армијата, да им исплати пензии на граѓаните, да поддржи социјални програми и економски мерки.

Тој додаде и дека во тек се подготовките за друг пакет помош следната година, откако шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева неодамна зборуваше за дополнителна поткрепа.

„Нашето сегашно размислување е дека барањата за финансирање ќе бидат околу три – четири милијарди долари месечно во 2023 година“, подвлече таа во соопштението на ММФ, објавено во текот на вчерашниот ден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски