Шмихал: Русите ја планираат најголемата хуманитарна катастрофа од Втората светска војна

Од:

Украинскиот премиер Денис Шмихал во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг предупреди дека Русија ја турка Украина кон хуманитарна катастрофа со напади врз енергетската инфраструктура.

– Русија сака Украина да има таква зима во која многу луѓе буквално би можеле да замрзнат до смрт, изјави Шмихал за весникот.

Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина, која според некои проценки изгуби 30 до 40 отсто од својот капацитет, може да доведат до „планирана хуманитарна катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна“, нагласи Шмихал.

Украинскиот премиер истакна дека поради руските напади и нивните последици Украинците би можеле масовно да побегнат во Европа.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски