Широка мрежа за работа „на црно“ разбиена во Марсеј, работниците главно од Балканот

Од:

Француската гранична полиција разби широка мрежа за работа „на црно“, формирана од неколку здруженија регистрирани во Италија и Бугарија, која незаконски ангажирала работници од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија за работа во Франција.

Истрагата што започнала во август 2011 година утврдила многу нарушувања на работното право, како прикривање на дејност и неисплаќање на плати, ангажирање странци без одобрение за работа од фирми за изградба на земјоделски оранжерии, се наведува во соопштение полициската префектура во департманот Буш де Рон, чиј главен град е Марсеј.

Истрагата исто така открила дека во рамки на добро организиран илегален систем од претприемачи сите италијански фирми за монтажа, раководени од граѓани на поранешна Југославија, имале еден единствен клиент – француска компанија, од реонот на Тараскон – европски лидер во производство на оранжерии и градинарска опрема, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано