Ширителот на милост

Од:

Економист – Лондон

На 1 јануари, папата Франциско – или можеби некој од неговите кардинали – ќе ја отвори портата од Света Марија Велика, и со тоа ќе се комплетира церемонијата пропишана за иницијација на Јублиејот, или Светата година, во Католичката црква. Света Марија Велика е една од четирите „големи базилики“ во Рим. Според традицијата секоја од нивните Свети порти се отвора за да се најави Јубилејот, почнувајќи со портата на Свети Петар (според преданијата, таа била заѕидана а потоа урната со чекан од папата се до годината кога некои од разлетаните парчиња за малку го промашил папата Павле Шести). Тоа е исто традиција да се почне со процесот на продолжување на Божиќната вечер. Но папатата Франциско го избра 8 декември, денот на 50-годишнината од завршувањето на модерниизрањето на Вториот ватикански совет – што е јасен знак за вредностите кој тој бара да се промовираат во Јубилејната година на милоста која тој ја прогласи.

Постојат два вида јубилеи: обичните, кои денес се прославуваат на секои 25 години, и вонредните Јубилеи, кој тој ќе ги прогласи кога и да посака, како што стори папата Франциско минатиот април. Овој концепт потекнува од библиски времиња и бил поврзуван со чонот на помилување и простување. За да добијат простување за своуте гревови, католиците мора да одат на аџилак во Рим, да мина низ секоја од четирите Свети порти, да се исповедаат пред свештеник и да добијат причест.

Но овој папа ги олабави условите за прочистување. Големо прочистување, што вклучува и целосно помилување, ќе биде озвоможено за секого кој ќе изведе едно од традиционалните „милостиви дела“. А ги има 14. Тие вклучуваат хранење на гладните и тешење на погодените.

Дали и самиот Франциско ќе бара прошка на основа на неговата проблематична црква? Најверојатно. Свети Јован Павле го искористи Јубилејот во 2000-та за да им извини искрено на евреите, ромите, еретиците, на жените и на наивните луѓе. Но не рече ништо за хомосексуалците или за жртвите од сексуална злоупотреба од страна на свештениците. Ова со сигурност ќе биде еден од наобемните јубилеи досега. Франциско донесе одлука дека обичните свештеници ќе може да им простуваат на жени кои згрешиле со абортирње, чин кој вообичаено им е доделен на бискупите. И со гест на помирување на следбениците на починатиот ултраконзервативен Архибишоп Марсел Лефебр, тој рече дека ќе ги признае како валидни простувањата кои ќе ги дозволат назначените членови од нивното шизматична заедница, Друштвото на Св.Пиј Десети.

Светите порти ќе бидат наменети и отворени во секоја католичка катедрала и во некои од поголемите храмови каде се оди на аџилак. Покрај ова, на 10 февруари папата ќе се обрати на светската дизоценеза „Мисионерите на милоста“: свештениците со посебна задача да слушаат исповеди и да даваат простување. Затворениците ќе можат да се вклучат во Јубилејот преку молитви во капелите во нивните затвори. И ќе има посебни отстапки за билните и лицата со попреченост.

Светата година ќе заврши на 20 ноември. Дотогаш, Франциско несомнено ќе го рашири она што тој го нарекува „израз на милоста“. Тој исто ќе има шана да го изведе ова повешто заради неговите внатрешни критичари за да го поправи се по погодениот на основа на павила заснован католицизам омилен кај неговите претходници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска