Шинѕо Абе испрати порака во контроверзниот храм Јасукуни, Пекинг протестира

Од:

Јапонскиот премиер, Шинѕо Абе испрати денеска во светилиштето Јасакуни во Токио, коe многумина во Азија го сметаат за симбол на јапонското милитаристичко минато, традиционално „масакаки“ дрво, како порака по повод одбележувањето на празникот Денот на тоа светилиште.

Храмот Јсукуни во Токио е меморијален центар во чест на 2,5 милиони Јапонци, загинати во војните во 19-от и 20-от век, меѓу кои се и 14 воени злосторници.

Група од 110  пратеници и 80 претставници и вработени во Владата се молеа денска во тоа светилиште. Никој од министрите не беше во светилиштето иако некои од нив најавија дека ќе присустуваат. Абе последен пат го посети храмот во декември минатата година и тогаш предизвика големо незадоволство во Кина и Јужна Кореја.

Светилиштето Јасукуни за Сеул и Пекинг претставува симбол на злосторствата, кои јапонските војници ги извршиле во текот на колонизацијата на Корејскиот Полуостров (1910-1945) и делумната окупација  на Кина (1910-1945).

Пекинг денеска остро ја осуди посетата на повеќе од 100 јапонски делекати на контоаверзното светилиште во Токио.

– Кина е длабоко загрижена и одлучно се спротиставува на негативните активности во Јапонија поврзани со светилиштето, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хонг Леи.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина