Шестмина загинаа во саботната несреќа во Ротдердам

Од:

Шест лица загинаа кога камион вчера влета во група луѓе кои уживале во забава во близина на Ротердам, соопшти полицијата.

Седум лица се повредени, објавија телевизија НОС и новинската агенција АНП, повикувајќи се на полициски извори.

Возилото било на шпанска транспортна компанија.

Уапсен е 46-годишен шпански државјанин кој го управувал возилото. НОС соопшти дека мажот е под истрага за предизвикување на кобната несреќа.

Возачот не е повреден и не бил под дејство на алкохол.

Спасувачките тимови користеле кран во текот на ноќта за да го исправат камионот и да извлечат едно тело.

Причината за тешката несреќа е под истрага.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Охрид- Ресен

Најмалку три лица загинаа, а исто толку се повредени во сообраќајка во близина на Бечеј

Горан Наумовски

Четворица повредени откако „БМВ“ излета на автопатот Скопје-Тетово

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Четворица тешко повредени откако се преврте возило на обиколница кај Волково

Горан Наумовски