Шестмина убиени во напад на Ал Шабаб во североисточна Кенија

Од:

Најмалку шест лица загинаа рано изутринава во вооружен напад во североисточна Кенија, врз група работници кои изведувале јавни работи.

За сега никој не презеде одговорност за нападот, но властите сметаат дека тој е дело на припадници на милитантната исламистичка група Ал Шабаб.

Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Мандера, во која е извршен нападот, соопшти дека едно лице е потешко повредено, како и дека обезбедувањето на локацијата успеала да спаси 27 други лица.

Напаѓачите прво употребиле бомби за да влезат на локацијата на која биле вршени јавните работи, а потоа почнале да пукаат од автоматско оружје.

Според кенискиот весни „Дејли Нејшн“ целта на нападот биле лица кои не и припаѓаат на локалната заедница.

Милитантната група Ал Шабаб, која е дел од терористичката мрежа на Ал Каеда, војува против владата во Сомалија, која е поддржана од меѓународната заедница.

Оваа група се обиде да преземе контрола врз Сомалија и да создаде исламистичка држава врз основите на шеријатското право, но по интервенцијата на силите на Африканската унија, припадниците на Ал Шабаб беа потиснати од Могадишу и од сите поголеми градови и населени места.

Сега припадниците на групата постојано вршат наади во североисточните делови на Кенија и осебно во регионот Мандера, што се граничи со Сомалија.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“