Шестмина повредени при пожар на станбена зграда во Париз

Од:

Шест лица се полесно повредени во голем пожар што избувна изутринава околу пет часот во една шесткатна станбена зграда во Париз.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, во гаснењето на пожарот биле вклучени околу 200 пожарникари, кои дури по три часовна борба успеале да го стават огнот под контрола.

Пожарот избувнал на скалите, по што набрзо се проширил на вториот кат. Скалите се урнале при пожарот, па сите жители на зградата биле евакуирани со помош на пожарникарски скали.

Повредените лица се жалеле на проблеми со дишењето поради густиот чад.

Поради пожарот, сообраќајо на булеварот што минува пред зградата беше во прекин повеќе од два часа.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски