Шестмина авганистански полицајци пронајдени мртви

Од:

Шестмина авганистански полицајци се пронајдени мртви на контролен пункт во јужниот дел од земјата, додека двајца се водат како исчезнати и постои сомнение дека токмутие ги убиле своите колеги, соопштија локалните власти.

Началник на полициска станица истакна дека двајцата полицајци исчезнале заедно со автомобилите и оружјето од контролниот пункт и се уште не се знае дали тие ги нападнале своите колеги или се киднапирани при напад на екстремисти.

Таканаречените „внатрешни напади“, во кои припадници на авганистанските безбедносни сили убиваат свои колеги или војници на ИСАФ, се закануваат да ја разнишаат довербата меѓу Авганистан и меѓународната коалиција пред престоечкото повлекување на повеќето странски војници во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан