Шест слонови паднале низ водопад обидувајќи се да спасат младенче

Од:

Шест слонови загинале откако паднале низ водопад во националниот парк Као Џаи во Тајланд, а два биле спасени.

Слоновите настрадале во саботата на водопадите Хаеу Нарок, соопштија властите.

Меѓу нив е и едно 3-годишно младенче, изјави директорот на паркот, Канчит Сринопаван.

Официјални лица изјавија дека инцидентот се случил откако младенчето тргнало преку врвот на водопадот, а поголемите слонови поитале по него во обид да го спасат, пренесе Би-би-си.

Шефот на националниот парк соопшти дека се следи состојбата на двата слона кои преживеале.

Едвин Вик, основач на Тајландската фондација за животински свет, рече дека тие слонови ќе имаат потешкотии да преживеат затоа што слоновите многу се потпираат на своите стада за безбедност и пронаоѓање храна. Опстанокот исто така може да зависи од емоциите, додава тој, затоа што е познато дека слоновите покажуваат знаци на тага.

„Тоа е како да изгубите половина од вашето семејство“, објаснува Вик.

Водопадот беше привремено затворен за посетителите по инцидентот.

Во овој парк има околу 300 диви слонови на површина од повеќе од 2.000 квадратни километри, пренесува „Ројтерс“. Различни видови на животински свет, како што се слонови, мечки и мали мајмуни, се регистрирани во паркот кој е многу популарна туристичка дестинација.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога