Шест лица загинаа во земјотресот во Мексико

Од:

Во силниот земјотрес кој вчера го погоди Мексико загинаа најмалку шест лица, соопштија утрово мексиканските власти.

Земјотресот со интензитет од 7,5 степени според Рихтерова скала го погоди мексиканското крајбрежје. Епицентарот се наоѓал во државата Оахака, во близина на летувалиштето Уатулко, соопшти американскиот Геолошки институт.

Во текот на вчерашниот ден се слушнале аларми за земјотрес и во Мексико Сити, а во некои делови од градот имало прекин на електричната енергија.

Потресот се почувствувал и во Гватемала.

Издадено е и предупредување за цунами, а на луѓето им било препорачано да се оддалечат од брегот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД