Шест лица загинаа во напади во Мосул

Од:

Непознати напаѓачи убија денеска во севрен Ирак шест лица, меѓу кои и службеник од локалните власти, соопшти полицијата.

Првиот напад е извршен рано изутрината. Напаѓачите убиле двајца војници во напад врз контролен пункт во Мосул, на 360 километри северозападно од Багдад.

Неколку часа подоцна во близина на Мосул од бомба поставена на патот загинаа член на градските власти и неговиот син.

Исто така напаѓачите убиле и двајца полицајци во Мосул, но на друга локација, кога отвориле оган кон контролен пункт на полицијата.

Насилството во Ирак е зголемено од почетокот на светскиот муслимански месец Рамазан.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија