Шест лица загина од бурата Труди во Мексико

Од:

Тропската бура Труди ги однесе животите на шест лица, зафаќајќи го реонот на Гереро во јужниот дел на Мексико.

Поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, при што загинаа две деца и една жена.

Бурата доведе до евакуација на околу 2.000 луѓе од планинските области во државата Гереро. Шеснаесет села останаа изолирани, а причинета е материјална штета на главниот автопат кој води кон туристичкото место Акапулко.

Ураганот Ана во Тихиот Океан, мина во близина на Хаваите и предизвика силни дождови, но сепак го одмина архипелагот.

Сепак, останува во сила објавеното предупредување за опасност само за делови од северозападните ненаселени острови Кавај и Нихау.

Ураганот Гонсало, пак, вчера премина крај Њуфаундленд во Канада и ќе продолжи брзо да се движи на исток преку северниот дел на Атланскиот Океан. Се очекува днеска и утре тој да ја зафати Велика Британија.

Гонсало ќе донесе пороен дожд и силни ветрови во западниот дел на Европа, како и обилни снежни врнежи на европските планини. Од Лихтештајн и Австрија на југоисток до Босна, Србија и Бугарија можна е снежна покривка до 15 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори