Шест државјани на Франција останаа без своите пасоши, кои им беа одземени од француските власти поради тоа што наводно планирале да отпатуваат за Сирија, изјави денеска претставник на француската служба за безбедност.
Ова е прв пат врз основа на законот за борба против тероризмот, усвоен во ноември да биде преземена ваква мерка, јави Танјуг.
Според претставникот на службата за безбедност во тек е истрага за уште околу 40 вакви случаи.