Шест американски авиони уништени во Авганистан

Од:

Шест американски борбени авиони се уништени а два се  оштетени во нападот на талибаните во ноќта во саботата во базата каде во која е распореден британскиот принц Хари.

Штетата нанесена на базата „Бастион” во покраината Хелманд е уште поголема отколку што во прв момент беше проценето, бидејќи се уништени и три бензински пумпи а погодени се и шест авионски хангари.

Двајца американски маринци беа убиени во нападот во ноќта од петокот кон саботата во базата „Бастион” во којашто е стациониран британскиот принц Хари, а уште девет припадници на коалициските сили се ранети, осум војници е еден цивил, потврди командат на ИСАФ.

Нападот бил изведен со лесно пешадиско вооружување и гранати, а траел повеќе од четири часа и бил многу интензивен.

Според најновите податоци коишто во неделата ги соопшти меѓународната коалиција, „15 добро опремени, вооружени” бунтовници продреле во базата „облечени во униформи на американската армија” со „автоматските пушки, ракетни фрлачи и самоубиствени елеци”.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан