„Шеријатската полиција“ ќе продолжи со активности во Германија

Од:

Групата која се нарекува „Шеријатска полиција“ чија активност вчера беше дозволена од страна на судот во градот Вупертал, легално ќе продолжи да функционира во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Групата предводена од конвертитот од христијанство во ислам Свен Лау од јавното обвинителство беше обвинета дека во 2014 година формирала „Шеријатска полиција“ која вовела улични патроли во Вупертал но истрагата не го убеди судот дека се прекршени гермаснките правни норми.

Членовите на патролите кои што носеле портокалови елечиња на кои пишувало „Шеријатска полиција“ оделе по улиците на Вупертал и ги убедувале граѓаните да запрат со пиење алкохол, со коцкање и со слушање музика.

Според судот, законот не е прекршен затоа што облеката која што ја носеле членовите на ултраконзервативната груп не ги прекршила правилата за носење политичка униформи. Според судот оваа забрана е била прекршена само доколку облеката била воинствена или заканувачка. Германските закони не се прекршени ниту со ознаката „Шеријатска полиција“ на елеците.

Лидерот на групата Лау во моментов во паралелен процес се соочува со затворска казна поради поддршка на терористичка група која што се бори во Сирија.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија