Шефовите на дипломатијата в недела повикани во Виена

Од:

Министрите за надворешни работи на свестките сили в недела се повикани да дојдат во Виена, да проценат како течат преговорите со Иран за нуклеарната програма, напиша на Твитер портпаролот на високата претставничка за европска безбедност и соработка Кетрин Ештон, Мајкл Ман.

Неименуван дипломат потврди дека за Виена ќе отпатува шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус, а според соопштението на Стејт департментот и американскиот државен секретар Џон Кери.

– Кери ќе процени колку Иран е подготвен да направи сигурни и отворени чекори со кои би се поткрепиле јавните тврдења за мирнодопската природа на својата нуклеарна програма, изјави портпаролката на Стејт департментот Мери Харф.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Израел се подготвува да го нападне Иран