Шефот на унгарската дипломатија остро реагира на изјавата на романскиот премиер

Од:

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска остро ги осуди изјавите на романскиот премиер Виктор Понта, според кои властите во Унгарија не се „ништо подобри од тие во Сирија, Либија и други земји од кои бегаат имигрантите“, пренесе БТА.

– Вчера Виктор Понта ја загуби самоконтролата и преку неразумните тврдења ја навреди цела Унгарија, изјави преку соопштение шефот на унгарската дипломатија.

– Цивилизираните европски политичари никогаш не кажуваат такви клевети. Неговите забелешки имаат само едно објаснување: целосно ја загубил поддршката во внатрешната политика во Романија, вели првиот дипломат на Унгарија.

Понта вчера ги критикуваше и унгарските планови за подигнување ограда од бодликава жица по границата со неговата земја, за да се спречи протокот на имигранти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген