Шефот на Твитер се сретна со Трамп

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека се сретнал со соосновачот и извршен директор на компанијата Твитер, Џек Дорси.

– Одличен состанок попладнево во Белата куќа со Џек од Твитер. Разговаравме за многу теми околу нивната платформа и за светот на социјалните мрежи воопшто. Се радувам на продолжување на отворениот дијалог, напиша американскиот претседател на Твитер.

Трамп вчера повика на формирање повеќе и поправедни социјални медиумски компании како одговор на дискриминацијата, која, како што рече, како републиканец ја чувствува од компанијата Твитер.

Трамп има еден од најпопуларните профили на Твитер, со речиси 60 милиони следачи, но тој повеќе пати ја критикуваше компанијата и нејзините конкуренти во социјалните медиуми за, како што го нарече, „пристрасност против конзервативците“.

Тој го обвини Твитер и другите технолошки компании дека ја ограничуваат видливоста на истакнати републиканци во САД, но не даде докази кои би го поддржале тоа тврдење.

Компанијата Твитер соопшти дека е посветена на слободата на изразување и намалување на случајните пристрасности во нејзините алгоритми.

Би можело да ве интересира

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Трамп: Сè ќе цвета наскоро