Шефот на Мосад: Дојдовме до „јадрото“ на тајните на Иран и Хезболах

Од:

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, изјави дека агенцијата постигнала „длабоко продирање во јадрото на непријателските тајни“ и дека извршила, како што рече, „револуционерни“ операции во Иран и регионот.

На церемонијата во чест на исклучителните мисии од 2025 година во седиштето на Мосад, Барнеа рече дека улогата на агенцијата за време на воениот период се променила и станала значително поофанзивна, во координација со израелската армија (ИДФ), во операции насочени против Иран и Хезболах, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека израелските разузнавачки операции обезбедиле „стратешки и тактички информации во јадрото на непријателските тајни“, како и нови оперативни капацитети во целните земји.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Безбедноста во Персискиот Залив ќе ја обезбеди Иран, а не Америка

Иран има доволно збогатен ураниум за 10 атомски бомби, според директорот на Агенцијата за атомска енергија

ВИДЕО: Цените на нафтата експлодираа, највисоки од 2022 година

Катерина Ѓуровски

САД воведоа санкции против 35 поединци и организации поради помагање на Иран

„Волстрит журнал“: САД се подготвуваат на долгорочна блокада на Иран

„Врие“ во Иран: Црвените политички линии се преминати