САД воведоа санкции против 35 поединци и организации поради помагање на Иран

Од:

Владата на Соединетите Американски Држави денес објави дека воведува санкции против 35 лица и организации поради нивната улога во архитектурата на сивото банкарство на Иран. Вашингтон ги обвинува за олеснување на заобиколувањето на меѓународните санкции и финансиските текови поврзани со Техеран, објави Ројтерс.

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД соопшти дека санкционираните мрежи им овозможиле на иранските вооружени сили, вклучително и на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC), пристап до меѓународниот финансиски систем.

Ова вклучува трансакции од продажба на нафта на црниот пазар, како и набавка на компоненти за ракетни и други воени системи.

„OFAC“ предупредува дека секоја компанија што им плаќа на иранските државни институции или на IRGC такси за премин низ Ормутскиот теснец ќе се соочи со строги санкции.

Министерот за финансии на САД, Скот Бесeнт, оцени дека „сивата банкарска мрежа на Иран е клучна финансиска поддршка за неговите вооружени сили“, наведувајќи дека таа овозможува активности што ја дестабилизираат глобалната трговија и го поттикнуваат насилството на Блискиот Исток.

Тој додаде дека нелегалните финансиски текови преку оваа мрежа ги поддржуваат, како што ги нарече, „терористичките операции“ на иранскиот режим, претставувајќи закана за американскиот персонал, сојузниците и глобалната економија.

Бесент предупреди дека секоја институција што учествува во такви активности ќе се соочи со „сериозни последици“.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Иран ќе започне со отворање на Ормутскиот теснец штом Вашингтон го прифати предлогот

А1он

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк