Шефот на мисијата на ЕУ во Турција поднесе оставка

Од:

Шефот на мисијата на Европската унија во Турција, Хансорг Хабер поднесе оставка, изјави денеска претставник на делегацијата на Унијата во Анкара, без да ги посочи причините за оставката.

Хабер претходно упати критики кон Турција во однос на примената на клучната спогодба со ЕУ за миграција и поради неговиот коментар беше повикан минатиот месец во турското Министерство за надворешни работи.

– Потврдуваме дека нашиот амбасадор поднесе оставка. Ова решение е донесено на негова лична иницијатива, како што е вообичаено во вакци ситуации, соопшти прес-службата на делегацијата на Унијата во Анкара. 

Прес-службата додаде дека делегацијата нема да дава дополнителни коментари за причините за оставката.

Хабер ја презеде функцијата  во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО