Шефот на канцеларијата на привремениот претседател на Мали, Умар Траоре и уште три лица загинаа во заседа, соопшти владата.
Тие беа нападнати од заседа во руралната област Нара во југозападниот регион Куликоро во Мали, се вели во соопштението, без дополнителни детали за тоа кога бил извршен нападот или кој е одговорен.
Едно лице е исчезнато – возачот кој патувал со делегацијата, се додава.
Мали е една од неколкуте западноафрикански земји кои се борат со насилниот исламистички бунт што се прошири од северот во изминатата деценија.
Милитантите поврзани со Ал Каеда и џихадистичката група Исламска држава зазедоа делови од територијата низ регионот, убивајќи илјадници, а милиони се раселени.
Незадоволството поради неуспехот на владата да го спречи насилството поттикна два воени удари во Мали од 2020 година.