Шефот на француската дипломатија во Лондон ги посети повредените Французи

Од:

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Марк Еро ги посети денеска во Лондон, повредените француски средношколци, кои настрадаа во вчерашниот напад на мостот Вестминстер.

Станува збор за тројца француски државјани, на возраст меѓу 15 и 16 години, кои допатувале во британскиот главен град на екскурзија заедно со групата од едно средно училиште од областа Бретања.
Никој од младите Французи не се наоѓа во животна опасност.

Министерот Еро се сретнал и со родителите на повредените ученици кои допатувале во Лондон, а потоа присуствуваше на специјалната седница на Долниот дом на британскиот Парламент, посветен на вчерашниот напад во строгиот центар на градот, за време на излагањето на премиерот Тереза Меј.

Подоцна Еро им изјави на британските новинари дека „не смее да се покаже кукавичлук и страв“ ниту предавање пред заканите на насилството.

– Мора да им се каже „не“ на оние кои сакаат да ја убијат нашата демократија, истакна францускиот министер.

Според официјалните полициски податоци, во вчерашниот напад што се квалификува како терористички, досега се знае дека се повредени 14 странски државјани, сите пешаци на мостот Вестминстер.

Покрај тројцата млади Французи, има четворија од Јужна Кореја, по двајца Романци и Грци, како и по еден државјанин на САД, Германија, Кина, Италија, Ирска и Полска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Синот на пакистанските мигранти останува на чело на Лондон, влезе во историјата

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо