Шеф на градската полиција во Кина има 192 куќи

Од:

Поранешниот шеф на полицијата Џао Хаибин во кинескиот град Луфенг, наводно има 192 куќи и лажна лична карта, објавија денеска државните медиуми.

Џао бил пријавен од еден бизнисмен во 2011 година дека акумулирал имот на негово име и на име на неговата компанија. По пријавата, властите ја поништиле лажната лична карта на Џао.

Претставник на дисциплинската комисија на Комунистичката партија на Кина за Луфенг изјави дека Џао, кој е и партиски секретарт на локалниот округ, бил под истрага, која сега е завршена и тој ќе ги задржи своите јавни функции. Партиската истрага покажала дека сопственик на имотот е неговиот помлад брат, бизнисмен и дека Џао само „управува“ со имотот во име на брат му.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција