Шансите екстремистите да убијат Европејци се намалени во последните 40 години

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Нападите на џихадистите од средината на 2000-тите години се фокусирани на ранливоста на цивилите во западноевропските градови, но шансите екстремистите да ги убијат Европејците се драстично намалени во текот на изминатите четири децении, се наведува во анализата на Би-Би-Си.

Ако објавувањето на секојдневните активности за многу луѓе стана игра на среќа, кои се шансите човек да стане жртва на напади и дали тие шанси се зголемуваат или намалуваат со тек на времето, е прашано во колумната.

Од Втората светска војна, три најлоши напади на европскиот континент, со исклучок на нападите на авионите, се случиле во последните 16 години.

Тоа се терористичкиот напад во 2004 година на железничка станица во Мадрид, во кој загинаа 191 лице, а биле ранети над 2.000 луѓе, потоа нападите во Париз во ноември 2015 година кога загинаа 130 луѓе, а биле повредени 360 и нападот со камион во Ница, каде беа убиени 86 лица, а повредени 460.

„Шемата” на нападите до 2000 година била голем број на инциденти со мал број на жртви, додека сега терористичките напади во западна Европа станаа многу опасни, со многу повеќе мртви, пишува Би-Би-Си.

Баскиската сепаратистичка организација ЕТА минатата недела на француските власти им предаде список на складишта со оружје по ветувањето дека ќе почне процес на разоружување.

ЕТА се појави во 1959 година, како студентско движење на отпорот против шпанскиот диктатор Франсиско Франко и се смета за одговорна за смрт на 829 лица, во низа вооружени напади кои датираат од 1968 година, а во кои биле повредени илјадници луѓе.

Иако бројот на нападите со голем број на жртви е драстично зголемен, годишниот биланс на мртви во терористичките напади во голема мера е намален, се наведува во анализата.

Во текот на 70-тите и 80-тите години годишниот биланс бил поголем од 150. Од 1990 година, имало околу 50, иако нападите во Париз и Брисел доведоа до нагло зголемување во 2015 и 2016 година.

Во текот на насилствата во Северна Ирска, ризикот за цивилите на годишно ниво беше 1:25.000. Во Франција во 2015 година, посебно ризична година, беше 1:400.000.

Статистиката секако не може да ја претстави целата приказна, бидејќи постојат значајни разлики меѓу терористите денес и тие од претходните генерации, се вели во колумната.

Во текот на 70-тите години екстремистите биле мотивирани од идеологија, главно радикален облик на марксизмот и имале фокус на официјални цели или личности од висок профил кои претставувале олицетворение на капитализмот. Тоа не важи во денешниот свет во кој огорчените џихадисти со масовни масакри се наметнуваат за лидерство во светата војна.

Меѓутоа, во смисла на статистиката, Европејците денес не се соочуваат со поголема закана од тероризмот во однос на претходните генерации, наведува Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани