Севернокорејско МНР: Пјонгјанг даде „реален предлог“ на средбата

Од:

Северна Кореја за време на средбата меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун предложи да го демонтира својот нуклеарен комплекс Јонбон во замена за делумно укинување на санкциите, се наведува во декларацијата која вечерва во Ханој ја објави севернокорејската делегација.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-Хо истакна дека Пјонгјанг дал „реален предлог“ на средбата на врвот во Ханој.

Тој ги демантира тврдењата на Трамп дека Северна Кореја побарала повлекување на сите санкции, кои се воведени против нуклеарното оружје и програмите за балистички ракети.

– Ако САД делумно ги повлечат санкциите, всушност оние кои ја отежнуваат економијата и животот на нашиот народ, тогаш ние веднаш и целосно ќе ги демонтираме сите нуклеарни комплекси во околината на Јонбон и тоа во присуство на американски експерти, истакна Ри.

Тој ја даде својата изјава по дводневните преговори меѓу Трамп и Ким во виетнамскиот главен град, кои завршија без договор.

Би можело да ве интересира

Ким Џонг Ун тестираше нова снајперска пушка и „погоди“ во центарот на целта

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите возила

Предраг Петровиќ

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он