Севернокорејската државна агенција ја нарече Парк Геун-хе „обичен криминалец“

Од:

Севернокорејската информативна агенција КЦТА ја нарече Парк Геун-хе „обичен криминалец“, откако јужнокорејската претседателка денеска беше конечно сменета од функцијата од страна на Уставниот суд поради голем корупциски скандал, во кој таа е вмешана.

– И остана уште една година како шеф на државата, но сега таа е сменета и ќе се води истрага против неа како за обичен криминалец, објави државната информативна агенција на Северна Кореја – КЦТА.

Кратката информација беше објавена невообичаено брзо за КЦТА, на која во принцип и се потребни по неколку денови за да соопшти вести од странство.

Парк Геун-хе беше сменета од претседателската функција поради корупциски скандал, во кој беа вмешани и големи локални компании, како „Самсунг“.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета