Потпретседателот на Владата на Северна Ирска Мартин Мекгинис во петок побара гласање за обединување на Ирска, откако Велика Британија на референдум одлучи да ја напушти Европската унија(ЕУ), наведува лондонски Independent.
Поддршката на ЕУ е значително поголема во Северна Ирска, отколку во остатокот на Британија и неизвесно е како ќе бидат регулирани односите со Република Ирска.
Постои можност за изградба на физичка граница и воведување на пасошка контрола, но се зборува и за изолација на Северна Ирска.
Северна Ирска добива значителна финансиска поддршка од ЕУ во рамки на таканаречените ‘миротворни пари’, заради финансирање на проекти кои имаат за цел поддршка на мировниот процес.