Северноафриканскиот клон на Ал каеда упати закани кон Франција и сојузниците во Мали

Од:

Ал каеда во исламски Магреб – северноафриканскиот клон на терористичката мрежа, упати закани кон сите земји, кои учествуваат во француската воена операција во Мали.

Групата предупреди дека „ниту еден од учесниците во тој брутален напад врз нашите луѓе во северно Мали не е сигурен“.

Ал каеда во исламски Магреб прими писмени прашања од новинари во меѓународни медиуми и вчера објави документ од 28 страници, во кои одговара на прашањата на англиски јазик.

Таа држи неколкумина Французи за заложници во пустината и истакнува дека нивната судбина сега е во рацете на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Групата не одговара на прашања колку жртви дала од почетокот на француската воена операција во Мали во јануари.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска