Северна Кореја: Трамп е умоболен и сенилен, цврсто ги поддржуваме Палестина и арапскиот народ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп е „умоболен“ и „сенилен“ смета Северна Кореја за одлуката да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Ова е уште едно продолжение од серијата лични навреди и закани за војна помеѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во амбиент на зајакнти тензии поради ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја.

– Со оглед на тоа дека умоболен и сенилен човек отворено повикува во ОН за целосно уништување на една суверена држава, овој чекор не е толку изненадувачки. Оваа иницијатива, сепак јасно покажува на целиот свет кој е уништувачот на светскиот мир и безбедност, кој е отпадникот и разбојникот во меѓународната заедница, изјави портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Северна Кореја ја осудува одлуката на САД за Ерусалим и изразува цврста поддршка и солидарност со палестинскиот и арапскиот народ во нивната борба за легитимни права.

Портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи додаде дека САД ќе бидат сметани за одговорни за сите последици од тоа опасно и „ѓаволско дејство“.

Би можело да ве интересира

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски