Северна Кореја распореди долж границата со Југот воени бродови со специјалци во обид да покаже висока борбена подготвеност и покрај преговорите кои се во тек меѓу двете држави, јави агенцијата Јонхап.
Според воени извори, десетина бродови пристигнале на 60 километри северно од граничната линија меѓу двете Кореи.
Северна Кореја споиред изворите, распоредила двојно повеќе артилериско оружје долж границата. Распоредувањето е во момент кога се водат преговори меѓу двете држави за намалување на тензиите.